Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот.
Вила Лина е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот.
Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, Wi-Fi и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.
Цени и услови
СЕЗОНА 2025
ТЕРМИН ОД:
НОЌИ
1/3 Студио (море)
1/4 Студио (море)
1/4 Апартман (странично море)
1/4 Апартман (море)
1/4 Дуплекс
10.05.2025
7
149
159
169
179
189
17.05.2025
7
169
179
189
209
229
24.05.2025
7
189
199
229
239
249
31.05.2025
7
249
279
299
339
349
07.06.2025
7
309
349
379
409
439
14.06.2025
7
369
399
429
459
479
21.06.2025
7
409
449
479
519
549
28.06.2025
7
469
449
559
599
629
05.07.2025
7
489
519
599
619
659
12.07.2025
7
519
559
619
649
689
19.07.2025
7
519
559
619
649
689
26.07.2025
7
519
559
619
649
689
02.08.2025
7
519
559
619
649
689
09.08.2025
7
519
559
619
649
689
16.08.2025
7
519
559
619
649
689
23.08.2025
7
479
509
569
619
659
30.08.2025
7
409
449
499
539
579
06.09.2025
7
339
359
419
459
479
13.09.2025
7
279
289
339
369
389
20.09.2025
7
229
239
269
289
309
27.09.2025
7
179
209
229
249
259
НАПОМЕНИ:
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во агенција;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;
ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 45 € возрасни (повратен билет)
* 35 € возрасни (eден правец)
* 35 € деца од 2 – 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)