ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Атина

Athens, Greece — Tourist Guide | Planet of Hotels

АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век…и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката… Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат…

 

06.12.2024 (Петок)  Велес-Атина

Состанок на групата  согласно трансферите (Скопје,Куманово,Штип,Неготино) и поаѓање за Атина во вечерните часови.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

07.12.2024 (Сабота ) АТИНА

Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

08.12.2024 (Недела ) ПЕЛОПОНЕЗ 

Појадок во хотел. Можност за факултативна целодневна екскурзија. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот.Продолжуваме кон најголемиот и најдобро сочуваниот примерок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Театар  стар 2400 години,вистинско уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрити, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Најакустичниот театар на светот на кого и  покрај сите истражувања и напори не можат да му направат копија.Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштита на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескрајни можности за купување од автентични грчки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Враќање во Атина.Слободно време

09.12.2024 (Понеделник) Атина-Пиреја-Сунион-Велес

Појадок во хотел. Заминување на полудневна факултативна екскурзија. Панорамски разглед на Пиреја едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот. Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен,овде имате можност да уживате и да го испиете своето кафе.Слободно време и заминување кон Македонија.

Возење со гранични формалности и попатни паузи, пристигнување во доцните ноќни часови.

 

Промо цена 139 eвра

Редовна цена на аранжман: 169 евра

Што е вклучено:

Автобуски превоз

2 ноќевања во хотелско сместување со 3со појадок во Атина

Панорамски разглед на градот со локален водич

Лиценциран туристички придружник од агенција

Не е вклучено:

Екскурзија Пелопонез – 40 евра (не е вклучена влезница за театарот Епидариус 12 евра)

Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 35 евра (со вклучена влезница Посејдонов храм)

Акропол 30 евра влезница + водич

Туристичка такса 25денари (доплата во агенција)

Напомени: 
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. 
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање. 
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот 
- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица) 
- Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.  
- Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба. 
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд. 
- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ
-      Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.